Грабар-Китаровиќ индиректно најави кандидатура за уште еден мандат

Од:

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ денеска од Книн индиректно најави кандидатура за уште еден мандат за шефица на државата.

– Денеска сум овде како претседателка на републиката, ќе се гледаме и во следните пет години, рече Грабар-Китаровиќ пред новинарите на одбележувањето на годишнината од „Бура“. Претходно и премиерот Андреј Пленковиќ, изјави дека Грабар-Китаровиќ за својата кандидатура ќе ја има поддршката на ХДЗ.

Засега најавено е дека на претседателските избори ќе учествува Зоран Милановиќ, со поддршка на матичната Социјалдемократска партија, кој би можел да биде поддржан и од уште неколку помали лево оријентирани партии. Во претседателската трка ќе учествува и Катарина Пеовиќ од Работничкиот фронт, а како независен кандидат ќе се натпреварува и музичарот и претприемач Мирослав Шкоро. Како независен кандидат на изборите ќе учествува и економистот од американскиот универзитет Принстон Дејан Ковач.

Мандатот на актуелната претседателка изминува на почетокот на 2020 година, а првиот круг од претседателските избори ќе се одржат на крајот на декември оваа година.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари