Голем интерес кај Грците за брзите бесплатни тестирања од автомобил за Ковид-19

Од:

Немам симптоми, меѓутоа кога веќе има тестирање во мојата населба, зошто да не, вели повозрасен Грк за МИА, додека со неговиот автомобил чека ред за бесплатно да се тестира за Ковид-19 во северниот дел на Атина.

Мобилните единици на Националната организација за јавно здравје на Грција, откако беа набавени рапид тестови, спроведува секојдневни тестирања од автомобили (drive-through testing) на населението, на различни локации во земјата.

Тестирањето е бесплатно, но и безбедно за граѓаните со оглед на тоа дека воопшто не е потребно да излезат од нивниот автомобил.

Дописничката на МИА од Атина, посети една од населбите во која беа поставени мобилните единици за тестирање од автомобил, но и поразговара со Грците, кои во поголемиот број без симптоми, решија да се тестираат.

-Утрово дознавме дека ќе има тестирање во нашата населба, иако сме и двајцата без симптоми, дојдовме да се провериме, вели повозрасен Грк во разговор за МИА, кој заедно со неговата сопруга чекаат во автомобилот да дојде нивниот ред за тестирање.

-Јас се чувствувам малку уморно, ме болат мускулите и кога веќе е тука мобилната единица, си реков да се тестирам за да бидам сигурна, коментира млада Гркинка.

Брачен пар, веднаш откако им беше земен брис, објаснува дека, иако се особено внимателни и ги почитуваат превентивните мерки, сепак решиле да ја искористат можноста за бесплатна проверка и додаваат дека во следниот еден час ќе биде информиран за резултатите.

Резултатите на брзите тестови се готови за 10 до 15 минути, а граѓаните, доколку нивниот тест е негативен, добиваат смс порака, а доколку е позитивен, надлежните ги информираат преку телефонски повик.

Рапид тестовите, освен што се брзи и бесплатни за граѓаните, придонесуваат и за да се добие покомплетна слика за епидемиолошката ситуација во земјата.

Во конкретната населба што ја посети МИА, за пет часа беа направени 608 брзи тестови (drive-through testing), а резултатите на сите беа негативни.

Во текот на вчерашниот ден од 2.102 брзи тестови на девет различни локации во Грција, потврдени беа 25 случаи.

Од 1 јануари 2020 година, заклучно со вчера, во Грција се направени 2.572.828 анализи на примероци, додека пак мобилните единици на Националната организација за јавно здравје направиле 338.216 брзи тестови.

Од почетокот на епидемијата во Грција има 123.842 заразени лица и 3.540 починати.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески