Ѓукановиќ: На секој мора да му се обезбеди право на достоинствена одбрана

Од:

Во Црна Гора на секој поединец мора да му се обезбеди право на достоинствена одбрана, порача црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

Одговарајќи на новинарско прашање за апсењето на поранешната претседателка на Врховниот суд, Весна Меденица, рече дека надлежните треба да си ја завршат работата.

„Ако толку многу зборуваме за владеење на правото, мора да ги оставиме институциите да си ја завршат работата“, рече Ѓукановиќ за време на предавањето на Правниот факултет во Подгорица.

Тој рече дека нема ниту една информација на таа тема и дека треба да се овозможи надлежните органи да си ја завршат работата.

„Имам доверба во обвинителството и судството. Она за што секогаш се залагам, ако сакаме да бидеме правна држава, мора да го обезбедиме правото на секој поединец на достоинствена одбрана“, рече Ѓукановиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора