Ѓукановиќ: ДПС е подготвена да биде најголемата опозициска партија во Црна Гора

Од:

Демократската партија на социјалистите (ДПС) е столб на државната политика веќе многу долго време и е подготвена да биде најсилната опозициска партија, изјави претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ за австриската телевизија ОРФ, нагласувајќи дека очекува конечните резултати од пребројувањето на гласовите да ја потврдат предноста на опозицијата од едно пратеничко место.

Според податоците од парламентарните избори на 30 август во Црна Гора, владејачката ДПС освои 40 места во 81-члениот парламент, а вкупниот број на опозициски пратеници е 41.

Во врска со можноста за формирање на тришартиска влада, Ѓукановиќ рече дека останува да се види дали партиите во неа ќе можат да го постигнат нивото на програмска и политичка блискост потребна за формирање влада и дејствување на извршната власт.

Демократската партија на социјалистите, според него, продолжува да биде најсилната партија во Црна Гора и е подготвена да преземе одговорност за државната политика. Во исто време, таа е подготвена да го прифати овој изборен резултат и да стане најсилната опозициска партија.

Ѓукановиќ не очекува ова да доведе до проблеми во управувањето со земјата, што ќе се спроведе во согласност со Уставот.

– Ќе има нов предизвик, при штој владата ќе биде составена од една политичка структура, а претседателот ќе биде претставник на друга политичка сила. Владата ќе има поддршка од 41 пратеник, а шефот на државата – 40, што не е сензација, бидејќи Црна Гора долго време функционира како поделено општество, оценува Ѓукановиќ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора