Фуат Октај: Шведска и Финска се уште не ги исполниле условите на Турција за влез во НАТО

Од:

Турските власти се уште не гледаат конкретни чекори од Шведска и Финска за да ја принудат Анкара да ја преиспита својата позиција за пристапувањето во НАТО на двете северни земји, изјави турскиот потпретседател Фуат Октај за Си-Ен-Ен-Турк.

– Очекуваме конкретна акција од Шведска и Финска, изјави Фуат Октај, коментирајќи го ставот на Турција во пресрет на самитот на НАТО во Мадрид, на кој треба да се разгледа прашањето за приемот на двете северни земји во НАТО.

Октај појасни дека досега не се преземени чекори согласно барањата на Турција.

Под „конкретни“ чекори турскиот потпретседател подразбира забрана на активностите на организациите кои Турција ги смета за терористички во Шведска и Финска и писмени обврски.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија