Филе: Хрватска не го напушта регионот, туку ЕУ му се приближува

Од:

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави денеска дека Хрватска не го напушта регионот туку ЕУ мусе приближува. Филе додаде и дека членството не носи веднаш решенија за сите предизвици и оти борбата против корупција мора да се води секој ден како што мора да продолжи и реструктуирањето на стопанството.

Европскиот комесар му порача на регионот на Западен Балкан дека влезот на Хрватска „е најсвеж доказ за трансформативната моќ на политиката на проширување на Европската унија“.

Според него членството на Хрватска потврдува дека перспективата за евроинтеграции е отворена за сите држави во регионот, кои ќе покажат неопходна политичка волја за спроведување на политички и економски реформи и ќе докажат дека ги почитуваат европските вредност.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари