ФБИ ќе отвори канцеларија во Србија

Од:

Американското Федерално биро за истрга (ФБИ) ќе отвори своја канцеларија во Србија. За тоа се договорија српскиот премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ и директорот на ФБИ Роберт Милер на средба во Вашингтон.

– Се договоривме за забрзување на размената на оперативна информација, бидејќи ФБИ го смета Белград за регионален лидер во борбата против криминалот, рече Дачиќ.

– Српската Влада е подготвена да соработува со ФБИ за искоренување на сите видови криминал, тероризам, трговија со луѓе, наркотици и оружје. Заедничката работа ќе придонесе за подобрување на политичките односи меѓу Србија и САД, истакна српскиот премиер.

Милер од своја страна се заблагодари на српската полиција и на другите служби за нивната помош во борбата против тероризмот. – ФБИ повеќепати од српската полиција добиваше веродостојни информации за исламскиот екстремизам, особено по нападот врз американската амбасада во Сараево, рече Милер.

Постигнати беа и договори за продолжување на обуката на српски полицајци во академијата на ФБИ, за преминување на специјални антитерористички курсеви, за обука за програми за спасување и ослободување заложници.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија