„Фајненшал Тајмс“: Хрватска е најнеспособна, сиромашна европска држава

Од:

Титулата најнеспособна, сиромашна европска држава и припадна на Хрватска, на која и е потребна помош од останатите држави на ЕУ, пренесе „Фајненшал Тајмс“.

-Хрватска е мала држава, која минатата година влезе во ЕУ, а не е ниту дел од еврозоната. Таа веќе шест години е во рецесија, а за тоа време изгуби речиси 13 проценти од својот БДП. Невработеноста се движи на ниво од околу 17 проценти. Тоа е социјална катастрофа, која не се разликува многу од оние, кои во последните пет години ги зафатија Грција и Шпанија- пишува „ Фајненшал Тајмс“.

Во текстот стои дека во Хрватска исто како и во Грција постои неефикасен јавен сектор, кој очигледно не му служи на јавниот интерес, туку само го прикрива вистинското ниво на невработеност. Медиумот тврди дека овој проблем е зголемен и поради недостаток на приватни компании, кои можат да обезбедат работни места и успешно да се натпреваруваат на пазарот на ЕУ.

Според „Фајненшал Тајмс“,традицијата на вработување во државниот сектор по политичка линија тешко изумира во југоисточна Европа.

-Членството во ЕУ требаше да им помогне на државите од средна и источна Европа, па и на Хрватска која се покажа како особено бавна во користење на средствата кои ЕУ и ги остави на располагање, седум години пред приклучување во Унијата – заклучува „Фајненшал Тајмс“.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион