Европската унија и Турција – и повторно и повторно

Од:

ЕУ неодамна беше во светлото на рефекторите заради новите номинации за клучните позиции. Херман ван Ромпуј изненадувачки беше заменет со аутсајдер – поранешниот полски премиер Доналд Туск. Кетрин Ештон беше заменета со сосема нова личност во политиката – младата и харизматична италијанска министерка за надворешни работи Федерика Могерини. Досега поминатите преговори со ЕУ покажаа дека постои реална неопходност да се воспостави проактивна надворешна политика за Европа. Изборот на Доналд Туск е важен знак дека ЕУ нема да ја остави Украина да исчезне. Од друга страна, не постои вистинска политичка воља за конфронтација со Русија, освен мека. ЕУ се обидува да воспостави жива генерална политика за да се исправи пред главните предизвици на времето.

Единственото прашање по кое изгледа земјите од ЕУ имаат консензус останува турското досие. Никој реално не сака да го пипне и на никого сегашната ситуација на изладени односи не му е удобна. Станува се потешко да се верува дека ЕУ бесконечно ќе го избегнува прашањето во врска со Турција. Но таква е ирационалната реалност. Турција функционира како бафер зона меѓу Блискиот исток и Европа по односите на големите емигрантски бранови; таа примила милион и половина сиријски бегалци и дестици илјади ирачки бегалци без никаква забележителна подршка од ЕУ. Единствена позната последица беше инсталирањето на систем од бодликави огради на турско-бугарската граница.

Преговорите за прилучување се во застој, бројот на отворени поглавја е непроменет и обидите да бидат оживеани тие преговори заедно со отварањтео на нови поглавја, пропаднаа. Турската страна наскоро ќе го назначи поранешниот министер за европски прашања Мевљут Чевушоглу за министер за надворешни работи, а поранешниот партеник Волкан Бозикир ќе биде номиниран за главен преговарач и министер за европски прашања. Не можеше да се состави подобар тим, со најдобри амбиции, но интеграцијата во ЕУ не зависи од отвореноста на земјата кандидат. Неопходна е политичка воља од страна на ЕУ. Секогаш кога ова прашање се става на дневен ред, на сила стапуваат двојните стандарди на ЕУ – Турција треба да ги отвори своите пристаништа и аеродроми за кипарски авиони и бродови, во замена за практично ништо.

Досега на сите им стана очигледно дека кипарските Грци не сакаат никакви решенија за проблемите на островот. Планот на Анан беше масовно отфрлен во 2004 година и од тогаш кипарските грци открија дека ненаклонетоста кон Турција може до голем степен да остане неказнета од ЕУ. Тие ќе продлжат да ја заблудуваат ЕУ затоа што главните држави во блокот претпочитаат да бидат заблудувани од кипарските грци, наместо да седнат на маса и да преговараат со Турција.

Во време кога демократските режими гледаат како нивните граници со недемократските земји стануваат многу кревки, во време кога меѓусебните поделби се претвораат во војни од широк опсег и масовни убиства, кога невини луѓе се колат на интернет и кога етничките чистења го заменија правниот ред, ниту Турција ниту ЕУ можат да си дозволат да се избегнуваат. Мислењето дека ако Турција не биде поканета на семејна фотографија која се прави по секоја средба на врвот во ЕУ е дипломатски успех, е просто идиотско. Таквото кусогледање ќе ја чини многу скапо, како ЕУ, така и Турција.

Сабах – Анкара

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски