Европарламентот бара Албанија и БиХ да ги решат нивните внатрешни проблеми

Од:

Политичките расправии го закочија напредокот на реформите на Албанија и Босна и Херцеговина во 2014 година, оценија европратениците во двете резолуции за секоја земја посебно изгласани денеска во Стразбур, јавува дописникот на МИА.

Двете земји, според европратениците треба да ги зајакнат своите демократски процеси, борбата против корупцијата и да воспостават професионална и деполитизирана јавна администрација. Преку соработка за да се постигнат овие цели, нивните политички сили можат да ги донесат поблиску до Европската унија, се вели во резолуциите.

Европскиот парламент ја повика Албанија да воспостави солиден план за реформите поврзани со ЕУ.

Пратениците го поздравија добиениот статус на кандидат за членство на Албанија за ЕУ ​​и тоа го гледаат како поттик за натамошно интензивирање на реформските напори. Сепак, тие предупредуваат дека продолжената политичката поларизација може уште повеќе да ги загрози нејзините напори за интеграција во Европската унија. Тие ги повикуваат и владејачката коалиција и опозицијата да соработуваат на одговорен и конструктивен начин.

Пратениците, исто така, изразија „вознемиреност од изјавите на премиерот на Албанија, во која тој шпекулираа за обединување на Албанците од Албанија и Косово.”

– Владата на Албанија работи на клучните реформи потребни за да се прилагодат на пристапување на земјата во ЕУ. Овие клучни реформи треба широко да се дебатираат во парламентот, но исто така и со граѓанското општество, рече известувачот на Албанија, Кнут Флекенстајн (Социјалисити и демократи од Германија). Сакам да ја охрабрам Албанија да продолжи и да ги интензивира своите реформски напори за отворање на преговори за членство во ЕУ што е можно поскоро, додаде тој.

ЕП забележува дека борбата против организираниот криминал и понатаму останува главен предизвик. Албанија, исто така, треба да направи повеќе за да се обезбеди независноста, ефикасноста и одговорноста на судскиот систем и да се обезбеди независност на јавниот радиодифузен сервис, се вели во резолуцијата. Пратениците, исто така ја пофалуваат Албанија за нејзината клима за верска толеранција, конструктивниот и проактивен став во регионална и билатерална соработка, особено vis-à-vis Србија, и целосно усогласување со позициите во надворешната политика ЕУ.

Во однос на Босна и Херцеговина, ЕП смета дека политичките елити мора да покажат јасна посветеност ЕП испраќа повик до политичките елити од Босна и Херцеговина да покажат јасна посветеност и да се вклучат во возобновувањето на реформскиот процес и во приближувањето кон Унијата. ЕП во резолуцијата истакнува дека политичкиот ќор-сокак, премногу сложена и неефикасна институционалната архитектура, како и недостигот на соработка меѓу политичарите, сериозно го попречуваат процесот на стабилизација и развој на земјата.

– Европскиот парламент го усвои новиот пристап на ЕУ кон БиХ, одобрен во декември 2014 година од страна на Советот на министри на ЕУ. Остануваат сериозни предизвици за новите власти, кои мораат сега да се одлучат на голема програма за реформи , рече известувачот за Босна и Херцеговина, Кристијан Дан Преда (ЕПП,Романија). Сите ние сме посветени да ја ставиме државата на патот кон ЕУ. Но, за тоа да се случи, нејзините органи ќе треба да покажат храброст во спроведувањето на реформите, додаде тој.

Пратениците ја поздравија пишаната посветеност на европската интеграција, одобрена од страна на претседателот на земјата, потпишана од лидерите на сите политички партии и усвоен од страна на парламентот на БиХ. Сепак, тие нагласуваат дека ефективна имплементација е од суштинско значење и бараат конкретни чекори за широка и сеопфатна реформска агенда за унапредување на Босна и Херцеговина на патот кон ЕУ.

Европратениците се загрижени поради неодамнешната декларација на конгрес на Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД) на кој беше повикано на референдум за независност на Република Српска во 2018 година, што е во спротивност со обврските согласно територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, утврдени во писмен документ.

Тие, исто така, тврдат дека Европската комисија треба да посвети посебно внимание на спроведување на одлуката Сејдиќ-Финци и го поздрави стапувањето во сила на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, предвидено за 1 јуни 2015 година.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Молотови коктели на протест во Тирана