Еве зошто Хрватите се се подалеку од ЕУ

Од:

Хрватска е членка на ЕУ нешто подолго од една година, но парадоксално, според износот на јавниот долг е се подалеку од Европа.

Имено, според податоците на Хрватската народна банка, јавниот долг на Хрватска на крај на јуни достигна 224,6 милијарди куни (29,5 милијарди евра), што е 13,6 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.

Според податоците на Евростат, објавени во јули, јавниот долг на Хрватска во првото тромесечје достигнал 68 отсто од БДП или 221,8 милијарди куни.

Како што паѓа БДП, а јавниот долг расте, доаѓа до се поголем удел на тој долг во БДП, поради што Хрватска се повеќе се оддалечува од мастрихтските критериуми, според кои уделот на јавниот долг во БДП треба да изнесува максимално 60 отсто, предупредуваат експертите.

Од Хрватската стопанска комора ХГК порачуваат дека тоа значи продолжување на тенденцијата на долгорочно неодржлив раст на долгот.

– И во првото полугодие на оваа година продолжи тенденцијата на висок и долгорочно неодржлив раст на јавниот долг. Потребата за финансирање на високиот буџетски дефицит, како и рефинансирањето на пристигнатите долгови, резултираше со висок раст на двете компоненти на долгот: странскиот, кој на годишно ниво скокна 16,6 отсто, и домашниот кој порасна 12 отсто – наведоа аналитичарите на ХГК, во осврт на податоците на хрватската централна банка.

Во вториот квартал јавниот долг е зголемен за 2,8 милијарди куни во однос на претходниот квартал, додека БДП падна 0,3 отсто на квартално и 0,8 отсто на годишно ниво.

Од друга страна, уште еден податок укажува дека состојбата на хрватската економија не е ни малку добра, а тоа е прометот во малопродажните објекти во Хрватска кој во јули реално е понизок 2,0 отсто, а номинално 2,4 отсто, што е највисока стапка на пад од март минатата година, покажуваат конечните податоци на хрватскиот Државен завод за статистика ДЗС.

На месечно ниво, според десезонираните податоци, исто така е забележан пад на прометот во трговијата на мало и тоа реално 1,7, а номинално 1,2 отсто.

Во првите седум месеци прометот во трговијата на мало номинално е понизок 0,8 отсто во однос на истиот период лани. Меѓу другото, во извештајот на статистичкиот завод се наведува дека продажбата на автомобили во јули била пониска 5,1 отсто во однос на јули 2013 година, а продадени се 3.060 нови возила.

Во освртот на најновите податоци на ДЗС, аналитичарите на Рајфајзен банката во Австрија наведуваат дека продолжувањето на неповолните движења на пазарот на трудот, силниот потрошувачки песимизам и лошите изгледи за раст и понатаму негативно ќе се одразуваат на личната потрошувачка и оценуваат дека прометот во малопродажбата во Хрватска во 2014 година ќе биде во стагнација.

Б92 – Белград

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион