Евангелос Венизелос е нов министер за надворешни работи на Грција

Од:

Лидерот на ПАСОК Евангелос Венизелос е нов министер за надворешни работи на Грција, јави дописникот на МИА од Атина.

Грчкиот премиер Андонис Самарас и Венизелос денеска се сретнаа за да ги финализираат деталите околу реконструкцијата на грчката Влада откако Демократската левица се повлече од Кабинетот.

Венизелос во новата Владата ќе биде и заменик премиер, додека досегашниот шеф на дипломатијата Димитрис Аврамопулос е назначен за министер за одбрана.

Лидерот на ПАСОК во својата политичка кариера досега бил министер за медиуми, транспорт, комуникации, правда, култура и спорт, развој, енергија, индустрија, трговија, туризам и технологија, но не и шеф на дипломатија.

Пред последниот самит на НАТО во Чикаго минатата година на средбите на политичкиот врв со претседателот Папуљас, Венизелос беше еден од првите политичари кои инсистираа на тоа Грција да стави вето на приемот на Македонија во Алијансата доколкутоа прашање биде на агенда на самитот.

Семејството на Венизелос е директно поврзано со Македонија од пред еден век, со оглед на фактот што неговиот дедо Елефтерос Венизелос е еден од потписниците на Букурешкиот договор по Втората балканска војна. Со овој договор територијата на Македонија е поделена, а нејзиниот најголем дел, односно Егејскиот, и припадна на Грција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски