ЕУ: Швендиман нов главен обвинител за воените злосторства на ОВК

Од:

ЕУ вчера го именуваше американскиот правник Дејвид Швендиман за нов главен обвинител на Специјалниот суд за воени злосторства, кој ќе им суди на високите претставници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), јави Танјуг.

Швендиман, чија претходна мисија беше истражување за проневери и корупција во Авганистан, ќе го наследи Клинт Вилијамсон на местото главен обвинител на Специјалната истражна работна група на ЕУ за Косово.

Како што е наведнео во соопштението од Брисел, Швендиман има „големо искуство во правните, политичките и практичните прашања во меѓународните и домашните кривични постапки“.

Швендиман беше меѓународен обвинител во БиХ од 2006 до 2009 и го водеше специјалното одделение на босанското Обвинителство за воени злосторства во текот последните две години што ги помина во таа земја.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје