ЕУ и се заканува на Приштина со нови казни

Од:

Шефот на канцеларијата на ЕУ во Приштина, Томаш Суниог, рече дека мерките што ги воведе ЕУ кон Косово доаѓаат откако не ги исполниле условите поврзани со ситуацијата на северот.

Тој рече и дека ќе има повеќе негативни последици доколку не се почитуваат барањата и очекувањата на ЕУ.

Тој ова го изјави по средбата со членовите на собраниската Комисија за надворешни работи и посочи дека ставот на ЕУ е сосема јасен, пренесува Економија онлајн.

„Имаме заедничка декларација, прогласена од нашиот претставник Борељ, во име на 27 земји-членки на ЕУ, од 3 јуни. За нас тоа е политика на ЕУ и секоја земја-членка на ЕУ. Повторувам, овој став од 3 јуни е сосема јасен. Има одредени барања и очекувања и тоа е исто така став каде што јасно е наведено дека ќе има негативни последици доколку не се почитуваат овие барања и очекувања. И ние продолжуваме да се водиме од оваа позиција“, рече Суниог.

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани