ЕУ, Грција, Турција и бегалската криза

Од:

Катимерини – Атина

Со склучувањето на договорот меѓу ЕУ и Турција, со цел запирање на несопирливиот проток од бегалци и мигранти кон Европа, започнуваат и тешкотиите.

Договорот може да успее само ако сите страни го спроведуваат стриктно и ако во сегашниот хаос сите ја преземат сета одговорност и ги прифатат сите тешкотии. Некои од тие тешкотии би можеле да бидат и избегнати.

Грција ќе биде приморана да управува со процесот на новопристигнатите. Тоа треба да се случи на еден надежен, праведен и брз начин, затоа што за целта ќе биде неопходно да бидат надминати хроничните слабости на државниот апарат.

Турција прифати да стави крај на неконтролираниот проток од луѓе кон Грција и да преземе редица други ангажмани, за да може да добие корис од отстапките кои 28-те земји членки на ЕУ и ги нудат.

Унијата исто така ќе треба да управува со целиот процес на еден справедлив за бегалците начин, распределувајќи ги во сите нејзини земји членки, така што на некои од нив да не падне поголем дел во споредба со останатите, ниту пак провоцира засилување на ксенофобичните движења.

На крајот, не е безначајно тоа што мигрантите мора да поверуваат дека веќе не им е од корист да плаќаат илјадници евра на шверцери, за да ги пренесат до Грција.

Договорот за бегалците влезе во сила и наскоро ќе се види колку сериозно се придржуваат страните до него.

Непосредната цел на ЕУ, во која германскиот канцелар Ангела Меркел ја игра главната улога, е да се сопре опаснто преминување преку протоците во источниот дел од Егејското море и да се стави под контрола напливот од луѓе кои тргнале на крајната дестинација – Германија.

Притисокот за „хуманитарен исход“ од тоа прашање, а и реакците против миграцијата во Германија и други држави, бараа да биде преземено драстично решение.

Само Турција е во состојба да го сопре протокот од луѓе на сопствената територија, пт од моментот кога бегалците и мигрантите ќе дојдат во морето, тешко е и опасно тие да бидат вратени назад во Турција.

Ако Турција ги стави под контрола тие протоци, тоа ќе биде признание дека таа можела и порано да ги спречи, но одбрала тоа да не го прави. Но тоа ќе биде и знак дека таа има реална намера за соработка.

Грција, која до пред неколку недели дејствуваше како неформален центар за прием на новопристигнатите, сега треба да даде поддршка на скоро 50,000 души.

Тоа значи дека таа треба да изгради механизми во соработка и со силна поддршка од други земји од ЕУ, за да може навистина да биде контролиран секој новопристигнат и потоа да биде вратен назад во Турција.

Имиџот на Грција помеѓу меѓународните организации во врска со управувањето на бегалците и мигрантите сепак е доста жален. Таа ситуација треба веднаш да биде променета, затоа што по потпишувањето на договорот Грција презема големи одговорности и не може веќе да дејствува како безрбетна жртва на ситуацијата.

Ако се покаже дека е неспособна да управува со тој процес и покрај помошта од нејзините партнери, за неа уште посилно ќе се зацврсти сликата дека е таа една ненадежна и слаба држава. Но ако Грција дејствува надежно, влоговите за неа ќе пораснат.

Таа на себе и на другите ќе им покаже дека била на работ на силите да се избори со хаосот и да тој начин да натера многу туристи да не ја избегнуваат, туку да дојдат во земјата.

– Сите треба одговорно да си ги извршиме обврските, рече премиерот Алексис Ципрас на прес конференцијата во Брисел, по средбата на лидерите на земјите од ЕУ со турскиот премиер Ахмет Давутоглу. Всушност, ќе се види дали и колку и самата Грција добро ќе ги оствари.

За тоа барањето е напорите на сите да ги надминат можностите на државниот апарат, на политичките партии и на општеството. Но успехот ќе биде остварлив ако се обединат силоте на сите, како што тоа врпочем се гледа од сличните дејствија на доброволци, државни структури, невладини организации, општини и на владата.

Можеби најкритичниот предизвик на овој договор ќе иде на каков начин и до која мера, Турција ќе го исполни.

Многумина оправдано протестираат (во Европа, а и во самата Грција) дека ЕУ ќе се залага за договор кој ќе ја награди турската влада, иако таа се однесува се по авторитарно.

Предупредувањата со високи тонови кои доаѓаат од претседателот Ердоган и се упатени кон европските лидери, во момент кога ги разгледуваа со турскиот премиер деталите од договорот, беа израз на таквото однесување.

Но ако бегалската криза и дава шанса на Турција да одлучи дека сака да си ги зацврсне своите односи со ЕУ и да продолжи по својот европски пат, тоагш користа од тоа за неа ќе биде голема, а од неа ќе профитираат сите.

Тешкотиите се големи, а можноста за успех многу слаби. Позната е и опасноста надежите на бегалците на кои им е потребна помош да останат напразни. Дури и ако напорите да се стави некаков ред дадат резултати и доведат до некаква фактичка решеие на проблемот.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески