ЕУ ги отвори поглавјата 23 и 24 за преговори со Србија

Од:

Србија вечерва и официјално ги отвори поглавјата 23 и 24 во пристапните преговори со ЕУ. Ова беше соопштено на Третата меѓувладина конференција на ЕУ и Србија во Брисел.

-Ова е голем ден за Србија. Ова покажува дека е тоа нашиот стратегиски пат кој ја покажува нашата посветеност на сите задачи кои се поставени пред нас. Свесни сме дека ќе имаме тешкотии и пречки, посебно кај овие поглавја, но одлучни сме да ги исполниме, рече Вучиќ во Брисел.

На прес конференцијата говореше и еврокомесарот Јоханес Хан.

-Нешто битно се случи и можеме да прославиме за отворање на поглавјата. Ова е голем момент з сите нас. Ова е признание и за Србија и нејзиниот напредок. Многу работи направи владата на Србија, која ја презеде обврската за реформи. Ја прифаќаме Србија со раширени раце, а таа ќе ја дефинира брзината на преговарање која зависи од напредокот во клучните поглавја, рече Хан.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца