Ердоган забрани собири на плоштадот Таксим на 1 мај

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека нема да дозволи собири по повод 1 мај на истанбулскиот плоштад Таксим.

Ердоган им порача на потенцијалните учесници „да се откажат од своите надежи поврзани со Таксим“ и од борба против државата. Тој апелираше да не се нарушува мирот на населението, кое не сака на улиците да доминираат камења и молотови коктели.

Турскиот премиер им предложи и други места за собирање на 1 мај, понудувајќи им и бесплатен провоз.

Левичарските синдикати најавија дека ќе ја игнорираат забраната за собирање на Таксим. Во понеделникот полицијата употреби солзавец врз членовите на организацијата Комитет 1 мај, во која членуваат претставници на синдикатот и на невладините организации, за да ги спречат да издадат соопштение за демонстрациите што се планирани на 1 мај на Таксим.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција во хаос: Мртви и повредени во големи пожари

Предраг Петровиќ

Најмалку пет лица загинаа во шумски пожари во Турција

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа