Ердоган: Украина заслужува да влезе во НАТО

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера вечерта се сретна со својот украински колега Володимир Зеленски и изрази целосна поддршка на неговата земја, но најави и дека Владимир Путин ќе го посети следниот месец.

Ердоган во Истанбул се сретна со украинскиот претседател првпат од почетокот на руската инвазија. Тој по средбата изјави дека Украина „заслужува интеграција во НАТО“ и ги повика Киев и Москва да се вратат на мировните преговори.

Тој најави дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Турција „следниот месец“. Ердоган и Зеленски разговараа за иднината на договорот на Украина за извоз на жито преку Црното Море. Договорот, постигнат во јули 2022 година под покровителство на Обединетите нации и Турција, истекува на 17 јули, а Русија соопшти дека не гледа причина да го продолжи.

„Се надеваме дека договорот ќе биде продолжен“, рече Ердоган и најави дека има намера да разговара за ова прашање со Путин во август. Зеленски рече дека многу луѓе ширум светот се потпираат на овој коридор за храна, „и овие животи не можат да зависат од расположението на претседателот на Руската Федерација“.

Тој му се заблагодари на американскиот претседател Бајден за одлуката да испрати касетна муниција во Украина.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ