ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

Од:

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека ако не е можно да се стави крај на војната во Украина, САД треба да се откажат од напорите и да продолжат понатаму. „Ако не е можно да се стави крај на војната во Украина, мора да продолжиме понатаму“, им рече тој на новинарите пред да замине од Париз.

„Ова не е наша војна. Ние не ја започнавме. САД и помагаат на Украина три години и сакаме војната да заврши, но ова не е наша војна“, рече Рубио. „Претседателот Доналд Трамп 87 дена прави континуирани напори на највисокото ниво на владата за да ја доведеме оваа војна до крај. Сега доаѓаме до точка кога треба да одлучиме и да утврдиме дали тоа е воопшто можно. Затоа разговараме со двете страни“, додаде тој.

„Треба многу брзо, во рок од неколку дена, да утврдиме дали мировниот договор е остварлив на краток рок, бидејќи ако не е, мислам дека само ќе продолжиме понатаму“, рече Рубио. „Нема да ги продолжиме овие напори со недели и месеци без крај“, додаде тој.

Највисокиот американски дипломат истакна дека Доналд Трамп сè уште сака да работи на постигнување мир, но дека САД имаат и бројни други приоритети ширум светот. „Мораме да одлучиме многу брзо, а јас зборувам за прашањето на денот, дали е можно да се постигне договор во следните неколку недели. Ако е така, ние сме за. Ако не е, ќе мора да се фокусираме на други приоритети“, рече Рубио.

Доналд Трамп вчера изјави дека верува оти прекинот на огнот е „близок“ и дека Москва наскоро треба да одговори на неодамнешниот американски предлог.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Рускиот јазик им е мајчин, а Русија е нивната татковина“: Путин откри што значи крајот на војната во Украина

Захарова: Украинците признаа дека руските предлози во суштина имаат смисла

ВИДЕО: Најголем руски напад со дронови на Украина од почетокот на војната

Катерина Ѓуровски

Трамп со најава: Ќе разговарам со Путин и со Зеленски

Предраг Петровиќ

Украинците ги открија трите услови на Русија за мир

Русите зазедоа село во Украина

Предраг Петровиќ