Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

Од:

Доналд Трамп денеска го угости претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, во Белата куќа, а еден час пред тоа, на својата социјална мрежа уште еднаш упати обвинувања против Володимир Зеленски и Џо Бајден, дека тие ја започнале војната.

– Војната меѓу Русија и Украина е војна на Бајден, а не моја. Штотуку пристигнав и во текот на четирите години на функцијата немаше никакви проблеми да го спречи тоа да се случи. Претседателот Путин и сите други го почитуваа вашиот претседател! НЕМАМ НИКАКВА ВРСКА СО ОВАА ВОЈНА, НО РАБОТАМ НАПОРНО ДА СЕ ЗАПРЕ СМРТТА И УНИШТУВАЊЕТО. Ако претседателските избори во 2020 година не беа НАМЕСТЕНИ – а беа, на толку многу начини – таа страшна војна никогаш немаше да се случи. Претседателот Зеленски и „Гнилиот Џо Бајден“ направија апсолутно ужасна работа што дозволија да започне оваа трагедија. Имаше толку многу начини да се спречи тоа воопшто да започне. Но, тоа е минато. Сега треба да го запреме, И БРЗО. ТОЛКУ ТАЖНО! – напиша Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп се подготвува за пораз: „Ако тргнат по Маск, ќе го заштитиме“

Предраг Петровиќ

Трамп вети 5.000 долари за секој Американец ако републиканците победат на изборите

А1он

Трамп доби „ладен туш“ пред изборите: Не смеете да се заканувате!

А1он

Ердоган и Трамп разговараа за Блискиот Исток и конфликтот во Украина

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Меркурис: Зеленски сака замрзнување на конфликтот, а не преговори