Ердоган: Турција е подготвена за соработка со талибанците

Од:

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган синоќа изјави дека Анкара ги поздравува умерените изјави на талибанските лидери и оти Анкара е подготвена за соработка со нив.

– Турција е подготвена за секаков вид на соработка за мир во Авганистан, за благосостојба на нашите роднини во земјата и за заштита на интересите на Турција, изјави Ердоган во заедничкото интервју за Канал 7, Улке ТВ, 24 ТВ, ТВНЕТ и ТВ 360.

Тој додаде дека военото присуство на Турција во Авганистан ќе ја зајакне новата администрација во Кабул на меѓународна сцена.

– Без оглед на тоа кој е на власт, да се застане зад Авганистан во добри и лоши времиња е нешто што го бара братството, посочи Ердоган.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски