Ердоган со повик до исламските држави за отпор на тероризмот

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика денеска исламските држави да зборуваат со еден глас против тероризмот и расизмот, истакнувајќи дека припадниците на терористичката Исламска држава убиваат муслимани под изговор дека тоа го прават во име на исламот.

Ердоган пред посетата на Етиопија, Сомалија и Џибути рече дека доколку исламските држави молчат и ако секоја секта остане зад своите симпатизери, тогаш други ја преземаат нивната улога и стануваат „модерен Лоренс“. Турскиот претсеател и порано го споменуваше Лоренс од Арабија како симбол за западното мешање на Блискиот исток.

– Сосема е можно да зборуваме со разллични јазици, да се разликуваме географски и етнички, но мора сето тоа да го ставиме настрана пред лицето на тероризмот и расизмот, изјави Ердоган.

Тој го критикуваше СБ на ОН поради донесувањето одлуки за исламскиот свет иако меѓу петте држави – постојани членки на СБ, нема ниту една муслиманска држава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција во хаос: Мртви и повредени во големи пожари

Предраг Петровиќ

Најмалку пет лица загинаа во шумски пожари во Турција

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа