Ердоган: Не може да стане збор за менување на турскиот антитерористички закон, како што бара ЕУ

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека не може да стане збор за промена на турскиот антитерористички закон, како што тоа го бара Европската унија, за да може да се либерализира визниот режим за Турците, пренесоа светските агенции.

– ЕУ од нас бара да го промениме антитерористичкиот закон, за да ни ги укине визите.

Тоа се кажува во момент кога Турција од сите страни е подложена на напади од терористички организации и нивните колаборационисти. Вие ни поставувате услови, а на терористите им одобрувате да ги отвораат своите шатори до зградата на Европскиот Парламент, рече Ердоган, пренесува БТА.

Претседателот предвид го имаше  случајот од средината на март, кога за време на средбата Турција-ЕУ во Брисел, курдски активисти отворија шатори со симболи на Курдската работничка партија (ПКК), која во Турција се смета за терористичка организација.

– Ние ќе одиме по нашиот пат, а вие по вашиот. Договарајте се со кого сакате, изјави Ердоган во говор емитуван на телевизија.

За да обезбеди безвизен пристап за своите граѓани до Европската унија, Анкара треба да исполни серија услови, поставени од Брисел. Еден од нив е да го усогласи законодавството и праксате во областа на тероризмот со европските стандарди; да ја стесни дефиницијата на тероризмот и да користи пропорционални мерки во борбата со него.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција во хаос: Мртви и повредени во големи пожари

Предраг Петровиќ

Најмалку пет лица загинаа во шумски пожари во Турција

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа