Ердоган најави средба со Путин, Кремљ негира

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека најверојатно ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за повлекувањето на американските сили од Сирија.

Меѓутоа, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека во моментов Путин не планира таква средба.

Според Си-Ен-Ен Турк, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу во следните денови ќе отпатува во Русија на средби посветени на повлекувањето на американската војска.

Инаку, Песков денеска потврди дека Путин ќе отпатува во Србија во јануари. Српскиот претседател Александар Вучиќ пред неколку дена рече дека го очекува Путин во Белград на 17 јануари.

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната