Ердоган и Борисов ја отворија реставрираната Железна Црква во Истанбул

Од:

Денеска беше отворена темелно реконструираната историска бугарска црква „Свети Стефан“ (Женезната Црква). На отворањето присуствуваа и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, заедно со премиерот Бинали Јилдирим и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Ердоган изјави дека повторното отворање на Железната Црква испраќа важна порака до меѓународната заедница.

– Државата е одговорна да обезбеди секој да може слободно да си ги врши верските обреди, истакна Ердоган, додавајќи дека Турција го поддржува враќањето на повеќе од 5.000 артефакти во изминатите 15 години.

Премиерот на Турција, Јилдирим истакна дека отворањето на црквата е најдобар пример за религиозната толеранција што Турција ја покажува кон другите релгии.

Бориосов повика на подобрување на односите меѓу Турција и ЕУ.

Црквата „Св. Стефан“ позната како Железната Црква беше реставрирана изминативе седум години, а проектот беше кофинансиран од градот Истанбул и бугарската влада.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица