ЕП загрижен поради состојбата на медиумите во Црна Гора

Од:

Европскиот парламент е загрижен поради се полоштата состојба на слободата на медиумите во Црна Гора, ниските професионални и етички норми кај медиумските работници и зголемувањето на бројот на инцидентите, чии жртви се новинари и имотот на медиумите, се наведува во нацрт-резолуцијата, која денеска беше разгледана во Комисијата за надворешна политика на ЕП.

Во документот се бара од црногорските власти итно да покренат судски процеси за секој случај на закана и напад врз новинарите и се истакнува дека независноста на медиумите е клучна карактеристика на секое демократско општество.

ЕП ја потенцира и одговорноста на медиумите и политичарите за создавање на атмосфера на толеранција кон различните мислења и ја поздрави спогодбата на претставниците на црногорските медиуми за формулирање нов професионален морален кодекс.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора