Енгел: Нема да има поделба на Косово, ниту други поместувања на границите на Балканот

Од:

Нема да има поделба на Косово, ниту отцепување на некој негов дел и тоа е многу важен принцип, изјави американскиот конгресмен, Елиот Енгел во интервју за Радио Слободна Европа.

Енгел, како што пренесе дописникот на МИА од Прага, позитивно го оценува неодамна постигнатиот бриселски договор за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, додавајќи дека поделба или размена на територии не е пат кој треба да го следи Косово поради опасност од домино-ефект на Балканот.

-Мислам дека со овој договор Косово има придобивки, затоа што Србија за прв пат де факто го призна Косово и приштинската Влада ќе воспостави целосна контрола на Косово. Нема да има поделба на Косово, отцепување на некој делови и тоа е важен принцип, вели конгресменот.

Енгел нагласува дека САД мораат да останат вклучени во настаните во Косово, бидејќи смета дека само со Европа, Косово тешко ќе ги оствари своите цели.

Тој не ја поддржува идејата за размена на територии на Косово и Србија.

-Косово е на Балканот, каде не се знае каде е крајот. Доколкусе променат границите на Балканот, доколкусе подели Косово, што ќе се случи ако и Република Српска посака да биде дел од Србија? Што ќе се случи ако делови од Македонија сакаат да се променат, што ќе се случи со Босна? На тоа му нема крај и тоа не би можело да се реши ни за 100 години, изјави Енгел.

Тој додава дека поместувањето на границите е сигурна влезница за судир со минатото и затоа смета дека единствено решение е договорот меѓу Косово и Србија.

Тој позитивно го оцени напредокот на Косово, нагласувајќи дека земјата треба да се приклучи кон ЕУ, заедно со Србија без можност за блокади од белградска страна.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски