Експлодира фабриката за оружје во Крагујевац

Од:

Во техничко-ремонтниот завод во Крагујевац, денеска околу 13 часот и 15 минути експлодира магацинот А28 каде имало голема количина на тромблонски мини и други видови муниција. Додека траело гасењето на пожарот по првата експлозија, се случила уште една експлозија каде биле повредени четири лица.

Како што дознаваат српските медиуми, кровот на магацинот се срушил од високата температура за време на гасењето на пожарот, постои можноста под рушевините да има уште затрупани луѓе. Повредените се префрлени во болница.

Едно лице загина, три се водат како исчезнати. Жртвите настрадале кога при гаснење на пожарот предизвикан од експлозија во погонот за ремон на оружје во фабриката, се урнала покривната конструкција, која ги затрупала. За време на пожарот во погонот одекнала и втора експлозија.

Како што јави Танјуг, трите лица кои се водат како исчезнати најверојатно се наоѓаат во делот од урнатините до каде спасувачките екипи се уште не можат за пристапат.

Експлозијата се случила околу 13.20 часот, а пожарот бил локализиран нешто пред 17 часот. Во гаснењето на пожарот учествувале 40 пожарникари, припадници на Армијата и вработени во фабриката.

Сите повредени лица, кои се припадници на Војската на Србија или на Противпожарната единица, се згрижени во крагуевскиот Клинички центар и се вон животна опасност.

Српскиот министер за одбрана Зоран Ѓорѓевиќ, кој го посети местото на инцидентот, изјави дека акцијата за расчистување на урнатинте ќе продолжи и во текот на ноќта, за што ќе бидат ангажирани и дронови опремени со камери за ноќно снимање.

Тој предупреди дека опасноста се уште не е целосно остранета, бидејќи постојат жаришта кои би можеле да доведат до нови експлозии.

Претходно, началникот на секторот за вонредни ситуации на Крагуевац, Драгош Радовановиќ изјави дека немало причина за евакуаџија на жителите во населбите, кои се наоѓаат во близина на фабриката.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Истрага за недозволено држење оружје