ЕК со зголемена прогноза за економски раст на Хрватска

Од:

Европската комисија денеска ја зголеми проценката за економски раст за оваа година во Хрватска, во однос на претходните прогнози од 0,2 на 0,3 отсто, а за следната година од еден на 1,2 отсто.

– Се очекува хрватската економија во 2015 година да има раст по скромна стапка од 0,3 отсто. Тоа може да биде заради подобрување на изгледите за раст кај трговските партнери на Хрватска, наведува Комисијата во своите прогнози.

Комисијата наведува дека сите држави членки оваа година ќе имаат раст освен Кипар за кого очекуваат пад од 0,5 отсто.

Најмала стапка на раст ќе имаат Хрватска и Финска – двете држави по 0,3 отсто. Најголем раст ЕК очекува во Ирска и Малта по стапка од 3,6 отсто.

Комисијата нагласува дека пречка за поголем раст во Хрватска е понатаму е слабата домашна побарувачка, чиј пад постепено се намалува. Инвестициите оваа година ќе се намалат за 1,8 отсто, наведува Комисијата. 

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат