ЕК побара од Бугарија да ги намали нивоата на јаглерод диоксид

Од:

Европската комисија денеска соопшти дека од Бугарија бара да го намали нивото на јаглерод диоксид во животната средина.

Тоа е загадувач на воздухот од индустриските постројки, што може да доведе до проблеми на дишните патишта и до влошување на кардиоваскуларните заболувања, појаснува ЕК.

Бугарија ја прекрши директивата за квалитет на воздухот, со која државите од ЕУ се задолжуваат да ги почитуваат дневните гранични вредности на концентрации и да изготват планови за квалитет на воздухот со слични мерки за намалување на нивоата на јаглен диоксид.

Граѓаните во југозападниот и во југоисточниот дел на Бугарија речиси од 2007 година постојано се изложени на прекумерни концентрации на јаглен диоксид. Мерките, преземени во југозападната зона беа доволно ефикасни за во 2013 година вредностите да се сведат во рамки на дозволените од законодавството на ЕУ, но во југоисточната зона и натаму се забележуваат прекумерни количества загадувачи, што му штетат на здравјето на луѓето, се посочува во соопштението на ЕК.

Со денешниот мотивирачки став ЕК од Бугарија побара да преземе перспективни, брзи и ефикасни активности за што е можно поскоро да ги исполни соодветните норми. Доколку Бугарија не преземе активности во рок од два месеца, случајот може да биде предаден на Судот на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори