Еден од најпознатите бугарски новинари почина од Ковид-19

Од:

Познатиот бугарски новинар Георги Коритаров починал на 61-годишна возраст од Ковид-19, јавија бугарските медиуми.

Коритаров во понеделникот бил примен во болница, откако добил позитивен ковид тест, но ја изгубил битката со вирусот.

Новинарот се залагаше за надминување на спорот меѓу Македонија Бугарија и важеше за одличен познавач на македонско-бугарските односи, а Македонија често беше тема во неговата емисија „Слободна Европа“ на „ТВ Европа“.

Од него на социјалните мрежи се простуваат и новинари, соработници и политичари од Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит