Двојно мутирана, британско-бразилска варијанта на Ковид-19, се појави во Бугарија

Од:

Во Бугарија за првпат е изолиран британски сој на коронавирусот со мутација карактеристична за бразилската варијанта. Тоа го соопшти бугарскиот Национален центар за заразни болести.

Мутацијата К417Т е откриена при клинички анализи земени од различни места во државата.

Мутацијата К417Т е типична за бразилската вирусна варијанта P1 позната и како Б.1.1.28.1 или 20Ј/501Y.V3.

Мутацијата е откриена првпат кај маж на возрасна група 80-90 години од Софија кој бил хоспитализиран во неделата од 26 до 30 април. Пациентот починал, јавија бугарските медиуми.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори