Два земјотреси го погодија Закинтос

Од:

Два земјотреси со јачина од 4,4 и 4,2 степени го погодија денеска грчкиот остров Закинтос, што ги вознемири и туристите и локалното население.

Епицентарот на првиот земјотрес се наоѓаше во морето јужно од островот, на длабочина од 20 километри, додека епицентарот на вториот беше во морето западно од островот, на длабочина од 9,2 километри, јавува АНА.

Првиот земјотрес беше почувствуван во 1:43, а вториот во 9:53 по локално време, објави Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина.

Грчката страница Катимерини потсетува дека островот беше погоден од земјотрес со јачина од 6,4 степени минатиот октомври што предизвика голема материјална штета.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски