Два големи пожари активни во Грција

Од:

На островот Андрос и во западниот дел на Пелопонез активни се два пожари, а противпожарните сили од копно и воздух се обидуваат да ги стават под контрола огнените јазици.

Од општината Андрос за МИА соопштија дека биле евакуирани 11 лица, дел од нив биле во куќите во населбата што е во близина на пожарот, додека пак со помош на крајбрежната служба, од плажа биле евакуирани две лица.

На островот интервенираат 17 пожарникари со пет возила, еден пешадиски тим, два авиони и два хеликоптери, како и три цистерни од општината и еден багер.

Вториот голем шумски пожар е во западниот дел на Пелопонез и не претставува опасност за населени места.

Во гаснењето учествуваат 50 пожарникари со 17 возила, два пешадиски тима и четири авиони.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски