ДСС: Референдум под условите кои ќе ги дефинира народот

Од:

Претседателот на Извршниот одбор на Демократската партија на Србија, Милован Милошевиќ изјави дека доколку биде распишан референдум за бриселскиот договор, тој треба да се одржи под условите кои ќе ги дефинира народот.

Милошевиќ, нагласи дека референдумот треба да се одржи кога ќе се овозможат услови за тоа.

Како што се наведува во соопштението на ДСС, тој го повикал претседателот на Србија, Томислав Николиќ итно да ја запре кампањата која што се води против српските лидери од Косово, без оглед на која партија и припаѓаат.

Според него дестабилизацијата не оди во прилог на никого, а не особено кога се знае каква борба воделе Србите од Косово во последните 14 години, за опстанок на својот народи и зачувување на државните институции на Србија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ