ДПС: Новата црногорска Влада е експеримент што нема долго да трае

Од:

За највлијателната опозициска партија во Црна Гора, Демократската партија на социјалистите, чиј лидер е претседателот на државата Мило Ѓукановиќ, кандидатите за новата влада претставуваат очекуван епилог и своевиден експеримент, кој „нема долго да трае“.

ДПС смета дека списокот со министри е очекуван епилог на изборниот процес во текот на кој „списоците ги составувала Српската православна црква“, предлагала носители, формирала идеологија и била највлијателниот субјект во опозициските редови.

„Обидот на политичките профитирања на брановите од литии и црковни протести, со иронијата на судбината им се врати како бумеранг токму на оние политички субјекти, кои негуваа надеж дека на тој начин ќе го прекинат својот повеќедецински губитнички статус“ се наведува во соопштението потпишано од портпаролот на ДПС Милош Николиќ.

Според ДПС, „апостолската влада“, во која нема претставници за националните малцинства, ниту Црногорци, а во која е застапена само една конфесија, српско-православната, во која, кажуваат, кршетеницата како документ е поважна од личната карта или пасошот, е своевиден експеримент што секако нема долго да трае.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Најмалку три лица загинаа, неколку се повредени во сообраќајка на патот Цетиње – Будва

Горан Наумовски

Натпревар во лежење во Црна Гора-останаа пет учесници

(ВИДЕО) Училишно насилство во Црна Гора: Јa удираа наставничката, фрлаа столчиња и уништуваа инвентар

Горан Наумовски

Хорор во Црна Гора: За три дена пронајдени човечки скелет и две тела во фаза на распаѓање

Црна Гора: Започнаа протестните конвои, блокиран сообраќај во повеќе градови

Црногорските банки го удвоија профитот на повеќе од 66 милиони евра