Дорис Пак: Нема нови услови од ЕУ за Србија

Од:

Србија нема повеќе да добива нови услови за влез во Европска унија, но реалноста е дека во следните четири години нема да има ново проширување на Унијата, изјави денеска европарламентарката и известувач за БиХ, Дорис Пак.

– Во следните четири години нема да има ново придружување, бидејќи земјите-кандидатки не се на ниво за влез во ЕУ. Секоја земја е на свое ниво и во исто време секоја од нив ја има судбината во свои раце. Не можеме ние за нив да ја завршиме работата, туку нивните политичари, посочи Пак на предвањето во Нови Сад.

Таа посочи дека за Србија најважен услов било воспоставувањето на добри односи со Косово.

– Тоа е направено и сега нема повеќе услови. Изјавата на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за новите услови од Германија не е вистинита, бидејќи сите услови се познати од почетокот, посочи Пак.

Таа упати и критика до земјите-членки на ЕУ дека не покажуваат доволно заинтересираност за државите од Балканот да станат членки.

– Се додека процесот е спор, луѓето ќе мислат дека ЕУ не ги сака и партнерите ќе ги бараат во други земји односноо во Русија. Многумина во Србија мислат дека Русија или Кина инвестираат многу пари во Србија, но тоа не е вистина. Најголемиот дел од парите доаѓа од ЕУ, но за тоа никој не знае, бидејќи политичарите не им кажуваат, потенцира Пак на предавањето „Западен Балкан на ЕУ колосекот“.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца