Додик: Возевме со 180 низ Хрватска и плативме астрономска казна

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик призна дека платил казна за брзо возење на автопат во Хрватска. Тој, сепак, ги отфрли шпекулациите дека барал посебен третман при неговата посета на Карловац.

Додик изјави дека во Хрватска возел со повеќе од 180 километри на час и дека платил астрономска казна.

Според хрватските закони за брзо возење е предивдена казна од 3 до 7 илјади куни, односно 400 до 950 евра.

– Возевме повеќе од 180. Полицијата го застана возилото на мојата придружба, плативме казна и продолживме. Немаше никакви претресувања. Луѓето беа љубезни и ни рекоа дека радарот тоа веќе го забележал и дека не може да го поништат. Наместо да губиме неколку часа за да барам да ми ја скинат казната, плативме и продолживме и повторно возевме 180, рече Додик.

Би можело да ве интересира

Додик: Односите меѓу Бања Лука и Сараево се можеби на најлошо ниво

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион