Додик: Одлуката е понижување за сите српски жртви

Од:

„Пресудата на Хашкиот трибунал за ослободување на Рамуш Харадинај е срамна и понижувачка за сите жртви“, рече претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

„По кој знае кој пат, Србите се изложени на бескурпулозна меѓународна неправда која се спроведува преку Хашкиот трибунал и меѓународното право, со што се фалсификува историјата на срамен начин“, вели Додик.

Претседателот на Република Српска додава дека ваквите политички одлуки не допринесуваат за стабилност во регионот, а Србија мора да биде одлучна во зачувувањето на достоинството на сите Срби.

Хашкиот трибунал го ослободи поранешниот командант на ОВК Рамуш Харадинај и неговите помошници Идриз Балај и Лани Брахимај.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска