„Џонсон контролс“ отвора две фабрики во Србија

Од:

Американскиот производител на автоделови „Џонсон Контролс“ денеска отвора две фабрики за производство на седишта и делови за ентериер за патнички автомобили во Крагуевац, објавија српските медиуми.

Двете фабрики ќе произведуваат делови за новиот фиатов модел „фиат 500л“ кој се произведуваа во фабриката „Фиат автомобили Србија“во Крагуевац.

Американскиот гигант кој покрива 30 проценти од светското производство на автомобилски ентериер, е еден од четирите главни соработници на италијанската фабрика во Крагуевац. Оваа компанија има повеќе од 50 фабрики во светот.

Србија годинава очекува повеќе од 1,6 милијарди евра приход од извозот на компанијата „Фиат автомобили Србија“, која во текот на минатата година произведе околу 30.000 автомобили „фиат 500л“.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија