„Димократиа“: Американците со таен проект за Грција кој го вклучува и „прашањето за Скопје“

Од:

„Стабилност“ е кодното име на американскиот таен план кој ќе почне да се расплетува малку пред изборите во Германија, а со крајна цел менување на отплатата на грчкиот долг на 50 години, до 2063 година.

Ова, како што јави дописникот на МИА од Атина, го пишува грчкиот весник „Димократиа“ повикувајќи се на дипломатски извори во Вашингтон.

Според весникот, Американците го загубиле трпението со Германците и го сметаат за опасен луксуз чекањето на пролетта 2014 за да почне да се разговара за намалување на грчкиот долг. Внимателно следејќи ја ситуацијата во Средоземноморието, Сирија, Египет, Турција, Американците се уште ја сметаат Грција за оаза на стабилност, и покрај нејзините проблеми, и затоа одлучиле да дејствуваат во време во кое Германците можат да бидат уценети – а тоа е изборната кампања.

– Според веродостојни информации од високи дипломатски извори, министерствата за надворешни работи, финансии и за одбрана на САД развиваат сеопфатен план за конечен излез на Грција од кризата, кој содржи неколку точки што се однесуваат на должината на исплата на долгот, промена на каматите и создавање инвестициски фонд за солидарност по норвешкиот модел… Сигурни извори од главниот град на САД укажуваат на тоа дека Америка, преку ММФ, праќа пораки на германската страна дека грчкото досие треба да се затвори што е можно побрзо со пакет договор, кој ќе го вклучува долгот, енергетиката, Ексклузивната економска зона (ЕЕЗ), и прашањата за Скопје и Кипар“, пишува „Димократиа“.

Американците, според весникот, смеаат дека е „идеален момент“ да се затвори прашањето за Скопје и Македонија да влезе во НАТО.

– Се разбира, во меѓународната дипломатија ништо не е бесплатно… Дипломатски извори забележаа дека: Прво, Самарас го префрли товарот на тргување и ќе жртвува се за да обезбеди име ерга омнес. Второ, во неодамнешниот говор на Конгресот на Нова демократија, не спомена географска одредница и побара од Скопјаните да се откажат од иредентизмот и да се согласат на име кое нема да задира во грчкиот карактер на грчка Македонија, забележува „Димократиа“.

Откривањето на планот во овој период не е случајно, со оглед на тоа што Самарас на 8 август ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама. Не е случајност ни тоа што Самарас со себе во Вашингтон ги носи и министерот за финансии Стурнарас и за надворешни работи Венизелос. Првиот е одговорен за прашања поврзани со долгот и инвестиции, додека вториот одамна е силен поддржувач на приближувањето на САД и Израел. Според некои информации, потоа ќе следат и две посети на Атина кои ќе имаат висока политичка и дипломатска симболика: американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел и државниот секретар Џон Кери.

– Голем дел од агендата на САД совршено се совпаѓа со агендата изготвена од страна премиерот Самарас за грчкото претседателство со ЕУ. Грција, и покрај нејзините проблеми, се обидува повторно да се покаже како водечка сила на Балканот, и затоа ќе ги промовира кандидатурите на Албанија и Скопје (со претпоставка дека ќе има решение за прашањето за името) за влез во ЕУ, а отвора и нови чекори во своите односи со Србија и Бугарија, пишува грчкиот весник „Димократиа“.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески