Десетмина загинати откако се преврте брод со имигранти крај грчкиот остров Фармакониси

Од:

Брод,  со кој патувале најмалку 100 имигранти се преврте источно од грчкиот остров Фармакониси. Десет лица, вклучувајќи и едно дете, загинаа, соопшти грчката крајбрежна стража, пренесува ТАСС..

Крајбрежната стража спасила 68 лица, а други 29 успеале сами да стигнат до брегот.

Продолжува потрагата по патници од превртениот брод. Во моментов на местото на несреќата се наоѓаат спасувачки хеликоптер и брод на крајбрежната стража.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција бројот на имигрантите, кои дошле во Европа преку Средоземното Море од почетокот на годината е над 350 илјади луѓе. Главниот дел од нив пристигнале преку Грција – околу 218.000, следат Италија – околу 114.000, Шпанија – околу 2000 и Малта – 94 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов