Денеска ќе биде објавен планот за преместување на бегалци од Италија и Грција

Од:

Грција со нетрпение ги очекува вестите од Брисел, каде еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос денеска треба да го објави планот за преместување на околу 40 илјади бегалци од Италија и Грција.

Аврамопулос вчера во Атина се сретна со претставници на грчката Влада со кои дискутираше за планот на Европската комисија за справување со илегалната миграција, но не откри детали за шемата за преместување. Се претпоставува дека 24 илјади бегалци од Италија и 16 илјади од Грција ќе бидат преместени во рамките на ЕУ. Еврокомесарот ги уверил грчките власти дека финансирањето на граничната агенција Фронтекс ќе биде зголемено за трипати и оти нејзината регионална канцеларија во Пиреја нема да биде преместена во Италија.

– Релевентните власти на Европската комисија и јас сме подготвени да и помогнеме на Грција да ги реши сите отворени прашања. Европа е на страната на Грција и поддршката ќе биде итна и ефикасна, изјави Аврамопулос.

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-Мун, кој денеска ќе престојува во Брисел, ја повика ЕУ да направи повеќе.

– Ги повикувам европските лидери да го решат ова прашање на по сеопфатен начин и на колективен начин, рече тој за време на вчерашната посетата на Даблин.

Би можело да ве интересира

Пет работници загинаа во Палермо

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина