Дендиас: Грција ја поддржува европската перспектива на соседите под услов да се исполнат критериумите

Од:

Проширувањето на ЕУ и европската перспектива на земјите од Западен Балкан била една од темите за кои разговарале министрите за надворешни работи на Германија и Грција, Хајко Мас и Никос Дендиас на нивната денешна средба во Берлин.

-Разговаравме и за прашањето за проширување на ЕУ со Западен Балкан. Мојата земја, најстарата земја- членка на ЕУ во Југоисточна Европа, отсекогаш ја поддржуваше европската перспектива на нашите соседи, се разбира под предусловот од кој нема отстапување, да се исполнат критериумите и условеноста- правилата, кои секако, важеа и важат за сите нас, рече Дендиас и додаде дека на неговиот германски колега му ја истакнал волјата на Грција да продолжи да игра улога на „столб на стабилноста и соработката во поширокиот регион“.

На средбата на двајцата шефови на дипломатиите, според Дендиас, станало збор и за напуштањето на Велика Британија на унијата, за германско грчките односи и за продлабочување на билатералната соработка, но и за бегалското прашање.

Министерот за надворешни работи на Грција рече дека брановите бегалци и мигранти „повторно зазедоа многу алармантни размери“.

-Особено го цениме конструктивниот став на Германија за ова прашање. Нашите ставови се совпаѓаат дека станува збора за глобален феномен и дека е потребен пристап во целина, како за причините, така и за последиците. И, се разбира, потребна е солидарност за оние држави кои се во првите редови на проблемот. Особено би сакал да ја истакнам важноста на целосното спроведување на Заедничката декларација ЕУ- Турција од март 2016 година, истакна шефот на грчката дипломатија.

Во однос на Турција, Дендиас рече дека и покрај јасните пораки од ЕУ, Анкара „продолжува грубо да го крши меѓународното право, суверенитетот и суверените права на Република Кипар“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски