Делегација на Европарламентот во посета на Тирана

Од:

По најновото заострување на политичката криза во Албанија, откако опозицијата одлучи да се откаже од пратеничките мандати, во Тирана следната недела ќе допатува делегација на Комисијата за надворешни работи во Европскиот парламент.

Според најавите, делегацијата на европските пратеници се очекува да пристигне во Албанија в среда попладне.

Европратениците ќе се сретнат со клучните политички лидери во земјата, со цел да добијат појасна слика за политичката ситуација во земјата, по на крајот посета на Тирана ќе објават заедничка изјава.

Пратениците од партии вклуечни во обединета албанска опозиција вчера се откажаа од своите пратенички мандати, со што првпат во трите децении плурализам во Албанија, Парламентот остана без опозиција.

Опозицијата најави одржување антвладини протести низ целата земја се додека премиерот Еди Рама не поднесе оставка, по што би се формирала преодна влада, која би огрганизирала предвремени парламентарни избори на 30 јуни годинава, заедно со локалните.

Рама, од своја страна, отфрли каква било можност за негова оставка, најавувајќи дека „подава раката за дијалог за избори во јуни 2021“.

Би можело да ве интересира

МНР: Реагиравме до Европскиот парламент и грешкта е коригирана

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов