Дел Понте: Јасно е дека Готовина требаше да биде осуден

Од:

„Многу сум изненадена“, изјави поранешната главна обвинителка на Хашкиoт Трибунал Карла дел Понте. Таа тврди дека постоеле докази за Анте Готовина да биде осуден.

„Не знам како да си го објаснам ова. Видов и дека двајца од петмината судии дека беа против ослободителната пресуда“, рече Дел Понте.

„Не треба да се заборави, дека во првостепената пресуда Готовина беше осуден на 24 години затвор“, рече Дел Понте, и додаде „Постоеа докази, јас лично ги испратив“.

„Јасно е дека Готовина требаше да биде осуден бидејќи постоеше индивидуална и лична одговорност. Па во првостепената пресуда беше осуден“, рече Дел Понте.

„Сега судот поинаку и многу порестриктивно ги интерпретираше фактите. Изненадувањето е двојно поголемо ако се знае дека судот наскоро ќе ја затвори својата врата“, заклучи Дел Понте.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска