Дејвид Швендиман е назначен за главен обвинител на Специјалниот суд за воени злосторства на Косово

Од:

Американецот Дејвид Швендиман е назначен за главен обвинител на Специјалниот суд во Хаг за истрага на воените злосторства, извршени за време на војната на Косово во 1998 и 1999 година.

Специјалното обвинителство е дел од Специјалниот суд за Косово, чие формирање беше најавено на почетокот од годинава. Судот ќе се занимава со злосторства, извршени од т.н. Ослободителната војска на Косово (ОВК) врз етничките малцинства и политичките противници. Тој ќе работи според косовските закони, но од безбедносни причини и поради заштита на сведоците, неговото седиште ќе биде во Хаг.

Пред именувањето, Швендиман беше главен обвинител на специјалниот истражувачки тим на ЕУ, формиран во 2011 година, со цел да води независна истрага за обвиненијата, кои биле содржани во извештајот на Дик Марти од Советот на Европа за трговија со човечки органи на Косово. Во периодот од 2006 до 2009 година Швендиман работел како меѓународен обвинител во БиХ.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски