Деца бегалци принудени да работат во Турција

Од:

Експертите изразија загриженост поради високиот број деца кои работат во Турција, чија бројка изнесувала речиси еден милион во 2012 година, а таа се зголемува поради милионите сириски бегалци, кои се обидуваат да си обезбедат средства за преживување, пишува денеска весникот „Хуриет дејли њуз“ по повод Светскиот ден против детскиот труд.

Вкупно 893.000 деца на возраст меѓу шест и 17 години работеле во Турција во 2012 година, покажуваат податоците на Турскиот статистички институт.

Меѓународната организација за заштита на човековите права „Поддршка за живот“ и Центарот за истрага на миграцијата при универзитетот Билги во Истанбул предупредуваат дека оваа бројка веројатно е многу повисока, со оглед на тоа дека сириските деца се вклучени во сивата економија.

Во заедничкиот извештај на двете институции како главен проблем за децата кои работат се посочува тоа што тие се лишени од пристап до образование, немаат нормален физички и психички развој, под закана се од различни повреди во зависност од работата што ја работат, подложени се на закани, експлоатација и немаат соодветна грижа.

Во извештајот се додава дека половина од 17-те милиони жители на Турција, кои живет под прагот на сиромаштијата се деца, а најмалку 400 илјади деца кои работат, живеат далеку од своите домови, како сезонски работници.

Според официјалните податоци, во Турција се наоѓаат 2.621.000 сириски бегалци, од кои 1.420.340 се деца.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица