Давутоглу: Слободата на изразување не е слобода да навредуваш

Од:

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска го искритикува францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ заради повторното објавување на карикатурата на пророкот Мохамед и притоа посочи дека слободата на изразување „не е слобода да навредуваш“, пренесоа француските медиуми.

-Објавувањето на оваа карикатура е сериозна провокација….. Слободата на медиумите не значи слобода некого да навредуваш, изјави Давутоглу пред новинарите во Анкара, пред да замине за Брисел, каде денеска се наоѓа во официјална посета.

„Ние не можеме да ги прифатиме навредите против пророкот“, рече турскиот премиер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција во хаос: Мртви и повредени во големи пожари

Предраг Петровиќ

Најмалку пет лица загинаа во шумски пожари во Турција

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа