Давутоглу: ОН нема јасна стратегија за Сирија

Од:

Обединетите нации немаат јасна стратегија за решавање на сириската криза, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу по средбата со генералниот секретар на ОН Бан ки-мун.

Давутоглу упати критика до меѓународната заедница поради ситуацијата во Сирија истакнувајчи оти „лесно им е на тие што се во Њујорк да коментираат“ за кризата во Сирија.

Тој посочи дека во Турција има приближно два милиони бегалци од Сирија и оти можен е нов бегалски бран.

– Планот на специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура за запирање на борбите во Алепо е добар, но сириската Влада не се придржува до ветувањата и продолжува со нападите, наведе Давутоглу.

Би можело да ве интересира

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени